еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе, на 1. март во НОБ

Во Националната опера и балет ќе се изведе една од најпознатите и најпопуларни опери во историјата – „Кармен“ од Жорж Бизе, на 1. март во 20 часот.

Диригент е гостинот од Италија, Џанлука Мартинeнги, режијата и сценографијата се на Нина Најденова и Елена Иванова од Бугарија, костимографијата е на Марија Пупучевска, концерт-мајстор е Јане Бакевски, а хор-мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.

Заводливата, Кармен е симбол на независност и страст, но и на трагичниот крај на љубовта што не познава граници. Во насловната улога ќе настапи Николина Јаневска, во улогата на Дон Хозе ќе настапи тенорот од Кина, Ѕ-Жао Гуо, во улогата на Ескамилио ќе настапи, Васко Здравков, во останатите улоги ќе настапат: Злата Тошевска Димовска, Ана Ројдева – Талевска, Соња Пендовска Мадевска, Драган Ампов, Невен Силјановски, Кристијан Антовски заедно со хорот, балетскиот ансамбл, оркестарот на Националнатa опера и балет и детскиот хор „Пиколо“ при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, Скопје под раководство на Весна Димчевска.

Најпознатото дело на Жорж Бизе е операта „Кармен“ од 1875 година која е заснована на романот (излезен во 1846 година) кој го напишал Проспер Мериме. Операта „Кармен“ веднаш не постигнала успех, а Бизе бил многу разочаран, но за утеха брзо дошла пофалба од своите колеги композитори како што се Камиј Сен-Санс, Петар Илич Чајковски и Клод Дебиси, кои веднаш ја препознале убавината на операта.

Во брзо време публиката почнала да го дели истото мислење со овие композитори и „Кармен“ станува една од најпознатите опери во историјата.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рамиз Мерко на „тапет“ на Твитер откако САД го стави на црната листа

Редакција

Убава вест: Од четврток кино „Милениум“ почнува повторно со работа

Редакција

Вонреден инспекциски надзор во Собранието: Ковид-мерките се почитуваат, нема неправилности

Редакција