еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Претседателката на Антикорупциска, Димитровска остана без пасош, осомничена е за случајот „Адитив“

Осомничената за случајот „Адитив“, претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), Татјана Димитровска остана без пасош, одлучи Кривичен суд по распитот.

„Во однос на осомничената Т.Д. која доцна попладнево беше изведена пред судија на претходна постапка во однос на продолжување на акцијата во јавноста позната како „Адитив”, по нејзино произнесивање во однос на предлогот на ЈО за определување мерки за претпазливост, донесено е решение со кое се прифаќа предлогот на ОЈО ГОКК и се опредлуваат мерки за претпазливост согласно точка 3 и точка 7 односно Привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова и Забрана за преземање на одредени работни активности поврзани со кривичното дело“, велат од Кривичен суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката на Антикорупциска, Димитровска, одавала податоци кои се службена тајна на обвинет во случајот „Адитив“: Детали од Обвинителство

Обвинителство соопшти дека Димитровска одавала податоци кои се службена тајна на обвинет во случајот „Адитив“.

„Како службено лице, претседател на ДКСК од месец мај до месец декември 2024 година на неповикано лице обвинето во предметот “Адитив“ на друг начин му сторила достапни податоци кои согласно чл. 25 и чл. 50 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, како и чл. 289 од ЗКП претставуваат службена тајна.

Таа преку својот службен телефон и апликациите Viber и WhatsApp му давала податоци на обвинетиот за поведени постапки, за отворање на предмети против сега обвинетите правни и физички лица во предметот Адитив и одлуки по истите, како и податоци за проверка на имот и неговото семејство.

Со своите дејствија таа открила податоци што согласно закон се сметаат за службена тајна и чие откривање може да има штетни последици како за службата, така и за постапките што се водат пред ОЈОГОКК.

Со опишаните дејствија во диспозитивот од Наредбата и до денес прибраните докази, на првоосомничениот му се става на товар дека сторил кривично дело Злосторничко здружување, како помагач сторил продолжено кривично дело Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело. Останатите две осомничени сториле кривично дело Одавање службена тајна,“ информираа од Обвинителство.

За случајот „Адитив“ поднесен е обвинителен акт против 31 физичко и пет правни лица, за криминал тежок 6,5 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката на Антикорупциска, Димитровска, на распит во Кривичен

Обвинение за 31 физичко и пет правни лица во предметот „Адитив“

Сите детали за акцијата „Адитив“: 23 лица проневериле 6,5 милиони евра

Фото: ДКСК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина новинарот Тодор Пендаров

Редакција

Анкета на ИРИ: Мнозинството македонски граѓани го поддржуваат Договорот со Бугарија

Редакција

Сашо Тасевски останува директор на Бирото за јавна безбедност

Редакција