еМагазин
Image default
ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ

Студенти од економски факултети се запознаа со улогата на Фондот за осигурување на депозити

На денешниот едукативен настан организиран од страна на Фондот за осигурување на депозити, голем број студенти од економските факултети од целата држава имаа можност да се запознаат со улогата на Фондот, важноста на заштитата на депозитите на физичките лица, како и механизмите за обезбедување финансиска сигурност.

Мотото оваа година гласеше „Сигурна потпора за стабилна иднина“, каде преку Чадорот на финансиска сигурност приказно беа опфатени неколку исцрпни презентации на вработените од Фондот со цел детално објаснување на улогата на Фондот кон младите студенти.

Настанот вклучуваше презентации и интерактивни сесии кои ги истакнаа деловните активности кои Фондот ги презема за заштита на депозитите. Дополнително, студентите учествуваа во награден квиз, каде победниците со точни и најбрзи одговори освоија парични награди од 5.000, 3.000 и 2.000 денари.

„Преку вакви едукативни настани, нашата цел е да ја зголемиме финансиската писменост кај младите и да ги поттикнеме да размислуваат за сигурноста на своите заштеди,“ изјави директорот на Фондот, Бехар Емини.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Со Народната банка во светот на финансиите“, нов проект за финансиска едукација

Редакција

МВР предупредува на зачестена појава на компјутерска измама со криптовалути

Редакција

Народна банка подготви насоки за банките и брошура за лицата со оштетен вид

Редакција