еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Фото+видео) „Цар Самоил“ во струмичко Банско реновиран и со нови услуги

Познатиот хидротермален медицински центар „Цар Самоил“ во струмичкото село Банско последниве години интензивно го смени и модернизира својот изглед, а веќе нуди и нови содржини и услуги за бањско лекување.

Во близина на “Цар Самуил“ има пет природни извори на термална топла вода, која помага во лекувањето на многу индикации како: гастроинтестинални заболувања, болки во стомакот, респираторни проблеми, бронхијална астма, невролошки заболувања, крвни нарушувања и хипертензија, ревматски заболувања и остеоартритис, постоперативни состојби…

Во центарот целосно е реновиран медицински дел за физиотерапија, проширен е и збогатен со услуги и апарати за терапија, кои за прв пат се користат во Македонија.

За потребите на објектот изградена е комплетно нова дијагностичка лабораторија, како и две нови специјални ординации (неврологија и ортопедија).

Центарот доби и ексклузивната сала за свечености, која функционира во рамки на комплексот од неодамна и е отворена за различен тип на свечени или корпоративни настани.

Има капацитет од 600 гости, професионалното озвучување и осветлување.

Повеќе инфо за се што нуди овој центар, ОВДЕ.

Фото/видео: “Цар Самуил“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина актерката Катина Иванова

Редакција

Екс директорот на УЈП, Горан Трајковски влезе во Одборот на директори на Витаминка

Редакција

Ако поскапи водата за пиење, нема државна поддршка за комуналните претпријатија

Редакција