Основачот и сопственикот на компанијата БС, бизнисменот и поранешен министер за финансии, Борис Стојменов на Фејсбук обвини дека неговите синови Емил и Марјан Стојменов со помош на институциите ја оштетиле компанијата за 30 милиони евра.
Според неговата објава тоа се случило не поради корупција, туку поради непознавање на законите.
-Моите синови Емил и Марјан Стојменов ја ограбиле компанијата БС, чијшто сопственик и основач сум јас со мојата сопруга (покојна), иако компанијата по сите правни норми им припаѓа ним.
Причините за грабежот, според мене, е непознавање на законите кои ја регулираат таа материја (поделба на имотот), како што се Законот за наследување и Законот за трговските друштва.
Проблемот ќе се решел ако државата преку своите институции постапила според законите врз основа на кои работат институциите, пишува тој меѓудругото и најави кривични пријави.
Засега нема реакција од неговите синови и посочените државни институции во неговиот пост.
Фото: Фејсбук/Стојменов