еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бојан Стојаноски именуван за заменик-претседател на Македонската банкарска асоцијација

Македонската банкарска асоцијација (МБА) информира дека на 48. седница на Собранието го именувала Бојан Стојаноски за заменик-претседател на Асоцијацијата, со мандат од четири години.

Стојаноски е истакнат банкарски професионалец со повеќе од 25 години искуство во банкарскиот сектор, од кои 15 години на раководни позиции. Тој е долгогодишен и активен член на МБА уште од нејзиното основање, при што се истакна со својот значаен придонес како претседавач на Комисијата за реструктурирање корпоративен долг, посочуваат од таму.

Моментално, Стојаноски е генерален директор за управување со ризици и член на Управниот одбор на Стопанска банка АД Скопје, функција што ја извршува од март 2020 година.

Неговото професионално портфолио вклучува и високи раководни позиции во Халк Банка АД Скопје. Дополнително, тој бил член на Управниот одбор и втор генерален директор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Возачот кој ја прегази Верица Белчовска чии органи беа донирани, наместо 15 доби 30 месеци казна затвор

Силвана Жежова

Филипче за најтешката форма на корона вирусот: Ги напаѓа сите органи, крвта и предизвикува распад на ткивото на белите дробови

Редакција

Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања

Редакција