Македонската група Меморија денеска во етерот после 30 години пушти нов сингл „За тебе“.
Групата најавува нов албум и нови песни.
Музиката, текстот и аранжманот се на Петар Георгиевски – Камиказа, снимена е во студио „Тра ла ла“, а продуценти се Мите Димовски и Давор Јордановски.
Групата ја сочинуваат Апостол Икономов – вокал, Рубин Динкоски – гитара, Давор Јордановски – клавијатури, Сашо Ангелов – тапани, Петар Георгиевски Камиказа – бас.
Фото: Фејсбук/Меморија
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.