еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Почина легендарниот Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на групата Рибља чорба

На 72-годишна возраст во Клиничкиот центар во Љубљана почина легендарниот Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на групата Рибља чорба.

Неодамна тој беше примен таму со тешка пневмонија, а поради влошената состојба беше ставен на респиратор.

Долго време се бореше со тешка болест.

Ѓорѓевиќ е роден во 1952 година во Чачак, Србија. Основното училиште завршил во родниот град, а по проблеми со законот бил исфрлен од средното училиште. Неговите родители тогаш, за да се спасат од „срамот“ што им го предизвикал, решиле да се преселат во Белград, пренесуваат детали од неговата биографија српските медиуми.

Таму завршил петта гимназија и се запишал на Правниот факултет. По две години сфатил дека оваа професија не е за него, па се обидел да влезе на Факултетот за драмски уметности во Белград, но никогаш не стана актер.

Во 1978 година ја формираше култната група Рибља чорба.

За повеќе од 45 години од нивната кариера, тие снимија 20 студиски албуми и осум изданија во живо. Последниот албум беше „Да тебе није“.

Зад себе го остави синот Борис, кој го доби со првата сопруга Драгана, која му беше љубов од средното училиште.

Се женеше три пати.

Ве потсетуваме на некои од неговите најголеми хитови:

Фото: Фејсбук/Рибља чорба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

12 лица починале од Ковид-19, дополнително пријавени уште осум

Редакција

„Ако признаеме дека Гоце Делчев е Бугарин, одма плата од 500 евра ќе има“: Твитер реакции за изјавата на Пендаровски

Редакција

Детската болница Козле прерасна во Клиника за респираторни заболувања кај децата

Редакција