Дали сте подготвени?
Пристигнува најзабавната ЕКО Изложба во градот, “Цртај и Награди Добиј”.
На огромно задоволство на сите дечиња, по повод “Ден на планетата Земја” Рамстор Мол во соработка со Шпаркасе Банка и Пакомак, оваа година ја организираат најзабавната Еко Изложба, “Цртај и Награди Добиј“!
ЕКО изложбата ќе се одржи на 22. април во 18 часот во просториите на Рамстор Мол каде сите заедно ќе се забавуваме!
Сите дечиња од 05-15 годни кои се заинтересирани ќе можат да земат учество во ЕKO Изложбата со изработка на ЕКО цртеж, кој треба да биде едукативен, креативен инспирирани од природата, рециклирање на смет и може да биде изработен од материјали коишто може да се рециклираат, односно да биде изработен од пластика, најлон, хартија и слично.
Сите заинтересирани може да го пријават своето учество на инфо пултот во Рамстор Мол најдоцна до 21.04.2025 или најдоцна половина час пред почетокот на настанот на 22. април на самото место на одржување на настанот.
Целта на овој настан е преку креативни цртежи да се подигне свеста за заштита на животната средина како и поттикнување на кампањи за справување со проблемите поврзани со загадувањето и климатските промени.
Трите најкреативни цртежи ќе добијат награди – штедни влогови од Шпаркасе Банка. За прво место ќе добијат штеден влог од 7.000 денари, за второ место – штеден влог од 5.000 денари и за трето место – штеден влог од 3.000 денари.
Разбудете ја креативноста на вашите најмили, подигнете ја еколошката свест, забавувајте се при изработката на маските, бидете наградени за вашата креативност и иновативност и дојдете на незаборавно дружење на 22. април во Рамстор Мол!
ПР-објава