Специјален известувач за еМагазин.мк од Лондон, Весна Ехрман
Модните креации на црвениот тепих на БАФТА, секогаш се еден од највозбудливите моменти за публиката, можеби поинтересни и од самите номинации и победници.
Актерките и актерите оваа година храбро му се спротивставија на лондонскиот февруарски студ и гордо прошетаа по црвениот тепих во фантастични креации ексклузивно дизајнирани од англиските и интернационални модни куќи и дизајнери.

Модната куќа Луј Витон се потпиша на креациите на Аријана Гранде, Сирша Ронан и Синтија Ериво.

Деми Мур блесна во кристалниот фустан на Александар Меквин, Изабела Роселини беше доминантна на црвениот тепих и на сцената во цветната креација Долче & Габана.


Селена Гомез ја одбра креацијата на една од највозбудливите француски модни куќи на висока мода во моментов Sciaparelli.

Мајки Мадисон ја понесе победата во елегантниот бел фустан на Прада, додека Памела Андерсон без грам шминка грациозно ја презентираше и му ја додели наградата за најдобар машки актер на Адриен Броди во драпираниот бел фустан на Jacquemus, еден од најуспешните англиски дизајнери на новата генерација.


Мажите останаа доследни на дрес кодот-black tie.Тимоти Шаламе изгледаше модерно и елегантно во креацијата на Ботега Венета, додека Адриен Броди се појави во одело направено по мерка, креација на J.Crew.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„еМагазин“ на БАФТА: Што се случуваше на сцената, а на екраните не беше прикажано
Фото: BAFTA’s photography library