еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Турската групација „Казанчи холдинг“ сака да гради гасни централи во Македонија

Претседател на Управниот одбор на турската групација „Казанчи холдинг“, Џемил Казанчи, на заедничка прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, во Скопје, најави дека неговата групација е заинтересирана да гради когенеративни гасни централи во Македонија.

Истите покрај производство на електрична енергија би произведувале и топлинска енергија со која би се загревале домаќинствата. Заедно со централите би се изградила и секундарна гасоводна и топлинска мрежа, а домаќинствата не би имале никакви трошоци за приклучување.

Групацијата, струјата ќе ја нуди на слободниот пазар, а цената на топлинската енергија ќе ја одредува Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Се работи за когенеративни централи со 500 MW инсталиран капацитет кои произведуваат 4,1 TWh електрична енергија и 720 GWh топлинска енергија на годишно ниво

Разговорите за оваа инвестиција продолжуваат, а Мицкоски посочи дека се разгледува можноста истата целосно да ја спроведе турската групација, или државата да влезе во јавно приватно партнерство.

Целата планирана инвестиција е речиси една милијарда евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е “Казанчи холдинг“, која сака да гради гасни централи во Македонија, за решавање на проблемот со загадувањето

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

Редакција

„Во времето на Тито се живееше многу подобро отколку денеска“: Титовистите од Кочани го одбележаа Денот на младоста

Редакција

На Медицинскиот факултет на Мерко неможе да се запишат студенти, не се исполнети условите

Редакција