еМагазин
Image default
Забава

Заеднички концерт на Амплидајн Ефект и Мартин Џорлев во С.Ц Дуња

Овој петок (13.12), со почеток во 20:00 часот, во Социјалниот Центар Дуња во Скопје, со заеднички концерт на импровизирана музика ќе настапат Амплидајн Ефект (Amplidyne Effect) на електроника и Мартин Џорлев на гитара.

Амплидајн Ефект, проект на Мартин Георгиевски, е активен од 2009 година, препознатлив по електронска и амбиентална музика со сесии од импровизирана музика.

Од тогаш, има издадено бројни изданија, а настапувал на повеќе регионални и меѓународни фестивали како Похода во Словачка, Десонанз, ПНЕМ Саунд Арт Фестивал во Холандија, Скопскиот џез фестивал, итн..

Мартин Џорлев е широко препознаен по својот значаен придонес кон локалната и регионалната сцена, особено преку успехот на инди-рок/пост-панк бендот Луфтханса.

Неговата кариера започна како дел од различни музички состави и проекти, како што се Зулу 3.4, Луфтханза, Стој, После!, кои оставија белег на македонскиот креативен пејзаж.

Влезот е бесплтен, но е препорачана донација за артистите.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Откажан фестивалот Skopyard, организаторите најавуваат судски процес со Град Скопје

Редакција

(Фото) 1.500 маскирани лица учествуваа на големиот Струмички карневал

Редакција

(ВИДЕО) Ердоган кум на свадбата на турскиот фудбалер Месут Озил

Редакција