еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

{ЗАЕДНО} до зелени идеи: dm дрогерие маркт распиша конкурс за пријавување на зелени и одржливи проекти

Сакате да придонесете кон зачувување на животната средина и да оставите позитивен печат во вашата локална заедница? На вистинско место сте! dm дрогерие маркт распишува конкурс за пријавување на иновативни, зелени и одржливи проекти, чија реализација ќе биде поддржана од компанијата!

Конкурсот ќе трае од 10 февруари до 21. март, а на него можат да се пријават сите здруженија, институции, единици на локална и регионална самоуправа како и непрофитни правни лица (здруженија и фондации) и други регистрирани непрофитни правни лица.

Целта на конкурсот е да се одберат и поддржат проекти кои придонесуваат кон зачувување на природата и заштита на животната средина, преку намалување на загадувањето, справување со климатските промени и кревање на јавна свест, или пак промоција на одржлив развој.

На конкурсот можат да бидат пријавени проекти во една од двете предвидени категории: заштита на животна средина и одржливост и образование. Идеите ќе се оценуваат во однос на тоа колку ја подобруваат околината, природата и заедницата во која живееме.

Пријавата на конкурсот се врши преку онлајн-формулар кој е достапен и се пополнува на интернет страницата www.dm-zaedno.mk. На линкот можат да се погледнат подетално условите за пријавување на конкурсот, како и да се добијат информации за потребната содржина на пријавата.

Предлагачите на избраните проекти ќе бидат известени за статусот не подоцна од 22. април 2025 и ќе добијат информации за понатамошната реализација на конкурсот.

dm ќе обезбеди поддршка на избраните проекти преку финансирање на услуги, материјали и опрема за реализација на проектот или директна уплата на средства на сметката на носителот на проектот. Бројот на проекти избрани за реализација не е однапред дефиниран, а начинот на поддршка на избраните проекти ќе биде дополнително одбран од страна на распишувачот на конкурсот.

Сите прашања поврзани со пријавата и критериумите за избор можат да се упатат преку е-маил адресата: [email protected].

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сава пензија плус одбележува 10 години доброволно пензиско осигурување во Македонија

Редакција

Семејство од селото Аравати, Ресен, на инстант лоз купен во Кавадарци „изгреба“ стан во Скопје

Редакција

ЕВН Македонија и годинава го објави „ЛОСТ“ – отворен е конкурсот за студенти од семејства со ниски примања  

Редакција