еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) НЛБ Банка го прослави својот 35 годишен јубилеј со голем акустичен концерт

Во услови на пандемија и неопходна физичка дистанца, НЛБ Банка го одбележа својот 35 годишен јубилеј на сосема поинаков и невообичаен начин. Со пораката „Сплотени преку музиката прославуваме заедно“ тие на македонската јавност и подарија целовечерен акустичен концерт со неколку од нашите најголеми музички ѕвезди.

Со поддршка на македонската музичка сцена Банката упати уште една силна порака и ја покажа грижата за македонските уметници и нивната важност во услови на пандемија.

Концертот кој  беше прикажан вчера вечер на Канал 5 телевизија, но и преку нивнитe официјални Фејсбук и Јутјуб канали, предизвика бројни позитивни реакции кај клиентите, соработниците и воопшто целата македонска јавност.

Преку гитарските рифови на Влатко Стефановски, моќните женски вокали на Каролина  Гочева, Тамара Тодевска и Ареа, и секогаш актуелните Нокаут, Банката се обиде да ја пренесе силната желба за заеднички да го прослави 35 годишниот јубилеј со сите свои вработени, клиенти и соработници.

На самиот залез од 2020 година кога на сите ни е јасно дека работите уште долго време нема да можат да се вратат во својата нормала, НЛБ Банка со овој музички подарок успеа да внесе во домовите ведрина, свежина и позитивен дух.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка со општествено одговорна кампања „Пошумете со еден клик“

Редакција

„Виталиа“ со свој придонес во битката со корона вирусот: Донирана здрава храна преку Црвен Крст и исплатен данокот на добивка

Редакција

Општина Кавадарци ќе биде дел од општествено одговорната кампања на „Макпетрол“

Редакција