Во неодамнешната акција на полицијата во која беа запленети 4,5 килограми кокаин, беше уапсен уште еден член на криминалната група на скопјанецот Раде Трајковски-Штекли, Дарко Голубовски-Кнеле.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени две лица од групата на Штекли, пронајдени 4,5 килограми кокаин
На пошироката јавност Голубовски и стана познат по неговото гостување во подкастот на Стефан Лазаров.
Во поткастот тој меѓудругото зборуваше и за Трајковски, за кој рече дека му е пријател. Рече и дека мајката на Трајковски на времето учела со татко му.
Зборуваше и за неговиот „бурен“ живот, но и за здравствените проблеми кои ги имал. Имал “вештачко срце“.
Засега нема официјална информација, но медиумите неофицијално објавија дека токму поради здравствените проблеми добил куќен притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Раде Трајковски-Штекли, кој е уапсен
(Фото) Што пронајде полицијата кај Раде Трајковски Штекли и неговите соработници
Фото: Лазаров/Подкаст