еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Култната „Жикина династија” се враќа со ново продолжение

Култната „Жикина династија” се враќа со ново продолжение.

Снимањето на еден од најпознатите филмски серијали од времето на поранешна Југославија веќе почна во Белград, Србија, а премиерата се најавува за една година.

Во главна улога ќе биде Никола Којо, во улогата на Миша, внукот на непоторливите ликови Жика и Милан.

Од старите ликови ќе се појават Весна Чипчиќ како Фрау Елза, Владимир Петровиќ како Боба, а како дебитант во филмот улога ќе има и манекенката Даниела Димитровска, која по потекло е од Македонија.

Режисер е Милан Коњевиќ, а сценарист Милена Марковиќ.

Во фокус на новото продолжение ќе бидат синовите на Миша, кои ги носат имињата на своите прадедовци – Жика и Милан, а живеат со нивната мајка Наташа во Москва, Русија, кои ќе дојдат во Србија.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лани 30.004 македонски граѓани добиле дозвола за престој во ЕУ

Редакција

Смени во менаџментот на Скопски пазар

Редакција

Србија: Пораките на Курти, Македонија да се приближи на Косово, а да се одалечи од Србија се безобразлук

Редакција