еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лажна тема за дефокус, вели Димитриеска Кочоска за навредите кон Петровска

„Лажна тема и дефокус на јавноста,“ вака министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска се произнесе за навредите кон пратеничката Славјанка Петровска.

„Во однос на ова прашање и вчера бев многу јасна, но еве денес да го заокружиме и јас очекувам со ова за мене да биде затворено. Веќе изразив жалење за целиот контекст, но и самите сте свесни дека народот има поважни теми од лажната тема која ја создаваат за дефокус. И таа самата го знае тоа, ама вака сега ѝ чини да изиграва жртва“, рече Димитриеска Кочоска.

Министерката за финансии додаде дека од опозицијата решиле од ова да прават тема откако се искоординирале, бидејќи додека дискутирале во Собранието реакции немало.

„Им требаше време да се реорганизираат, да размислат, да видат и да дефокусираат. Но, секако повторувам, ниедна туѓа навреда кон мене нема да ме вовлече да навредувам и да возвраќам со навреди. Ова сѐ ќе помине и за мене е најважно да останеме луѓе и да помагаме на луѓето, колку што можеме“, рече Димитриеска Кочоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавина од реакции и осуда за Димитриеска Кочоска за навредата на Петровска

Министерката за финансии Димитриеска Кочоска со навреда кон Петровска, не можела да знае колку троши едно четиричлено семејство затоа што нема деца

Платформата за родова еднаквост со силна осуда на напади врз жените и загрижувачкиот пораст на мизогинијата во јавната сфера

Фото/Фејсбук-Димитриеска Кочоска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Огнен Узуновски: Десет години „Излет“- измешани чувства, разнолики луѓе и приказни

Редакција

Каде ќе го обележат 2. Август Сиљановска, Мицкоски и Гаши

Редакција

Кој е Петар Атанасов, заменик-министерот за образование кој поднесе оставка

Редакција