еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

“Невидливите бесови на срцето” – ново издание на ТРИ, кое ја менува дефиницијата за љубовта

“Невидливите бесови на срцето“ од ирскиот писател Џон Бојн, кој зборува за љубовта низ призмата на различна сексуална ориентација, е ново издание на Издавачки центар ТРИ.

Преведен од англиски од Горица Попова, овој роман е уште една современа приказна од авторот познат на читателите по делото „Момчето во пижами на риги“.

„Привлечен и скандалозен, романот претставува парадоксална одисеја на еден обичен човек и на една цела нација, залутани во времето.

Посвоениот Сирил завршува кај една богата ексцентрична двојка кај која ништо не му недостига. Освен љубов. Тој е изгубен во светот и единствената светла точка во неговото детство се запознавањето со необичното момче Џулиен и љубовта кон него“, се вели во описот на делото.

Џон Бојн е роден во Даблин, Ирска, во 1971 година. По шеснаесет романи за возрасни, шест романи за деца и млади, две новели и една збирка раскази, денес во книжевниот свет е познат како писател на меѓународни бестселери.

Од Издавачки центар ТРИ дополнуваат дека Бојн во секое свое дело на изнемоштените и навидум безнадежни книжевни ликови им дава шанса да се пробијат до излезот, не преку барање на светлината како патоказ, туку со тоа што самите стануваат светилник.

Овој роман е дел од едицијата „Нашите приказни“, поддржана од Европската Унија. Со книгите од овој проект ТРИ имаат за цел да ги доближат и до македонските читатели европските популарни автори и книги кои веќе имаат свое место во светската литература, поттикнувајќи позитивни промени во светот.

Романот е достапен во сите книжарници на ТРИ.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фудбалерите на А Тимот на фудбалската репрезентација донираа средства на ГОБ „8 септември“

Редакција

JСП со нови линии за Саемот за мебел: Еве го возниот ред и трасата на движење

Редакција

(Фото) Нов брендинг на Халкбанк инспириран од македонската традиција

Редакција