еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Не е лошо човек да се извини, вели претседателката Сиљановска Давкова за навредата на Петровска од страна на Димитриеска Кочоска

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова прашана за навредата од страна на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска упатена кон пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, вели дека не е лошо човек да се извини

Таа вчера изјави дека во Собранието треба да се мерат зборовите, и пратениците и пратеничките, да бидат одмерени и да внимаваат на зборовите, особено, жените да внимаваат кога е во прашање друга жена.

„Не е лошо човек да се извини, не е лошо човек да рече дека можеби перцепцијата не е таква каква што требало да биде, намерата не била лоша намера, тоа мислам дека ќе доведе до надминување на ваквите проблеми“, рече а Сиљановска Давкова.

Од партијата на Петровска не се задоволни од одговорот на претседателката и посочија дека таа одмолчила отворената дискриминација кон жена пратеничка во Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Кој треба да се извини, жената која исто така макотрпно се борела за да ги роди своите деца?,“ рече Димитриеска Кочоска прашана дали ќе и се извини на Петровска

Лажна тема за дефокус, вели Димитриеска Кочоска за навредите кон Петровска

Лавина од реакции и осуда за Димитриеска Кочоска за навредата на Петровска

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија останува на Светското првенство во ракомет во Египет: Го победивме Чиле

Редакција

Македонски војници ќе учествуваат во борбената група на НАТО во Бугарија и во Романија

Редакција

Температура, малаксаност и кашлица најчести симптоми кај заболените со Ковид-19 во Македонија

Редакција