Независно дали пазарувате од нужност или затоа што едноставно сте имале тежок ден, па ви е потребна „шопинг терапија“, НЛБ haPPy картичката е најдобрата опција за вашите потреби и единствената со која и кога пазарувате, заштедувате, информираат од НЛБ Банка АД Скопје.
-Сега можете да си го дозволите посакуваното парче од пролетната колекција во омилениот бутик, телефонот со супер камера, да ја обновите белата техника во домот, да го организирате долго планираниот ручек со пријателите, да ја изненадите саканата со романтичен викенд, да се почестите со мали задоволства во козметичкиот салон кои значат време само за вас без чувство на вина дека можеби непотребно го оптеретувате буџетот. Сега можете да се опуштите и да уживате во нештата што ве прават среќни.
Сè што ви треба е НЛБ haPPy, кобрендираната револвинг кредитна картичка од програмата на Mastercard со меѓународна важност. Таа е вистинска картичка за среќа која може да се користи секојдневно, за подигнување на готовина и пазарувања, велат од таму.
НЛБ haPPy картичката на НЛБ Банка и Неп Лојалити е прва и единствена картичка на пазарот со загарантиран поврат на средства (cashback) со секоја направена безготовинска трансакција на продажно место во земјата и странство.
Со НЛБ haPPy, за секоја трансакција направена на продажно место добивате поврат на средства до 12% од износот на трансакцијата во рамките на партнерската мрежа на НЛБ Банка и Неп Лојалити која брои преку 250 трговци и над 1.000 продажни локации, во повеќе од 25 различни дејности.
Загарантиран cashback добивате и надвор од партнерската мрежа на НЛБ Банка и Неп Лојалити во висина од 0,6% од прометот реализиран на продажни места во земјата и во странство.
Програмата за лојалност ги обединува водечките трговски брендови во Македонија чиј продажен асортиман во најголема мера ги задоволува секојдневните потреби, па така сосема доволно е да ја имате кобрендираната НЛБ haPPy картичка во вашиот паричник.
Минималниот месечен износ за отплата на картичката изнесува 5% од вкупните доспеани обврски, а НЛБ Банка овозможува бескаматен грејс период за отплата на средствата до 45 дена.
Прочитајте повеќе на www.happycard.mk и аплицирајте за НЛБ haPPy картичките во која било од експозитурите на НЛБ Банка низ државата или во продажните салони на Нептун Македонија, велат од таму.