еМагазин
Image default
Македонија

Нова иницијатива до Уставен за преиспитување на уставноста на Законот за облигациони односи  

Нова иницијатива за преиспитување на уставноста на Законот за облигациони односи  е поднесена до Уставниот суд од страна на адвокатот Љупчо Кузмановски.

„Поаѓајќи од фактот дека Уставот е највисок правен акт и дека сите закони, подзаконски акти и пишани правила треба да бидат во согласност со Уставот, подносителот на оваа иницијатива смета дека потребно е оценка на уставноста на членот 2 од изменувањата и дополнувањата на Законот за облигационите односи (ЗОО)“, се вели во иницијативата поднесена од Кузмановски.

Иницијативата се однесува на членот 2 од Законот за измени и дополнувања на ЗОО, каде е наведено дека членот 368 се менува. Токму овој член е причина за иницијативата која денес е поднесена. Со овој член се предвидува застарување на побарувањата постари од 10 години.

Во иницијативата се наведува: „со промената на оваа одредба категоријата на правни и физички лица, кои се доверители ќе бидат ставени во нерамноправна положба со што ќе се предизвика нивна дискриминација, за сметка на други правни и физички лица кои се должници кои ќе бидат привилегирани и ставени во поповолна положба“.

Покрај тоа се наведуваат и низа недоречености и контрадикторности на други конкретни одредби во законот.

Ова е втора иницијатива за преиспитување на уставноста на Законот за облигациони односи. Минатиот месец до Уставниот суд беше поднесена иницијатива за истиот член од овој закон од страна на Предраг Баришиќ.

Адвокатската комора на Македонија реагираше дека измените на Законот за облигациони односи создаваат правен хаос во пракса.

Претседателот на Комората Љубомир Михајлоски, во интервју во дневникот на МТВ, вчера истакна дека со Законот се привилегираат неплаќачите на долговите, а се оштетуваат доверителите, без разлика дали се работи за правни или физички лица. Тој посочи дека многу компании ќе имаат тешкотии во работењето и дека се нанесува голема штета во стопанството.

Допис со назнака за селективност на законските решенија е испратен до Државниот завод за ревизија, а писмо е испратено и до Кабинетот на вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска и до Министерството за правда.

Приватниот сектор смета дека ваквите законски решенија им овозможуваат на должниците и од приватниот и од јавниот сектор да бидат во привилегирана положба и им овозможуваат да не мора да ја платат својата набавка и според член 368 ст.3 од ЗОО тоа да застари, при што товарот паѓа на доверителите односно на компаниите, а голем дел од малите приватни фирми заради овие причини ќе се затворат.

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 621 лице кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Поради тројца вработени заболени со Ковид-19, се затвора училиштето во Вруток

Редакција

(Фото) Со кинеската „Синофарм“ се вакцинираше и кумановскиот градоначалник Димитриевски

Редакција