еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

„Оди имај дете“ и рече пратеник на лидерката на “Курс на слободата“ во грчкиот Парламент, Нова демократија го исклучи од пратеничката група

Бура од реакции во грчката јавност и медиумите предизвика однесувањето на пратеникот на владејачката партија Нова демократија, Димитрис Киријазидис, откако на седницата во грчкиот Парламент за недоверба на Владата ја навреди лидерката на партијата „Курс на слободата“ и пратеничка, Зои Константопулу, пренесува дописникот на еМагазин од Солун

За време на расправата и порача да оди да има дете или да посвои, а од неговата партија веднаш го осудија неговото однесување, и го исклучија од пратеничката група, со објаснување дека неговото однесување е „антипарламентарно„ и „антиколегијално“.

Пратеникот на Нова демократија од Драма, не се извини на седницата, но го направи истото неколку дена подоцна на социјалните мрежи.

Меѓудругото напиша дека се извинува од срце и објасни дека неговото однесување било резултат на акумулиран бес, бидејќи пратениците на партијата постојано биле обвинувани дека биле убијци и криминалци во врска со железничката несреќа кај Темпи, поради која и беше покрената инцијативата за гласање за недоверба на грчката Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Нови масовни протести низ Грција за железничката несреќа кај Темпи

Напиша и дека избрал погрешни зборови.

Рејтингот на партијата на Константопулу, чија партија застана зад инцијативата, последните месеци постојано расте.

И Македонија деновиве ја тресе сличен скандал. Како што е познато министерката за финансии Гордана Кочовска Димитриеска ја навреди пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска во македонското Собрание, и не се извини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерката за финансии Димитриеска Кочоска со навреда кон Петровска, не можела да знае колку троши едно четиричлено семејство затоа што нема деца

Не е лошо човек да се извини, вели претседателката Сиљановска Давкова за навредата на Петровска од страна на Димитриеска Кочоска

(Видео) „Кој треба да се извини, жената која исто така макотрпно се борела за да ги роди своите деца?,“ рече Димитриеска Кочоска прашана дали ќе и се извини на Петровска

Фото: Фејсбук/Константопулу

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Испораката на природен гас за Македонија не е прекината, имаме алтернативи, тврди Бектеши

Редакција

(Видео) СДСМ: Фејсбук статусот на Груевски излезе од устата на Христијан Мицкоски

Редакција

Хелсиншкиот комитет и Млади правници нудат бесплатна правна помош за граѓаните кои ќе пријават проблеми со здравствениот систем

Редакција