еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Осмомартовски базар на ракотворби во Дајмонд мол

Дајмонд мол продолжува со поддршка на малите бизнис иницијативи, информираат од таму.

Од 6 до 9. март, во Дајмонд мал се одржува „Базарот на ракотворби“, каде што 17 жени претприемачки и занаетчии ги презентираат своите уникатни производи.

Настанот, организиран во чест на Меѓународниот ден на жената – 8. Март, ја истакнува важноста на женското претприемништво и занаетчиство, обезбедувајќи простор за промоција, продажба и афирмација на нивниот труд.

Покрај рачно изработените предмети и уникатни производи, базарот има за цел да ја подигне свеста за значајната улога на занаетчиите во зачувување на традицијата и занаетчиските вештини.

Базарот е отворен за сите посетители, со можност да откријат автентични ракотворби изработени со посветеност и креативност, истовремено поддржувајќи ги жените кои градат сопствен бизнис и ја негуваат занаетчиската традиција.

Дајмонд мол е домаќин на иницијатива посветена на жените претприемачки и занаетчии, кои со својата креативност и посветеност придонесуваат за локалната економија, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Делчев е прв од старите бугарски револуционери кој го заби знамето на ослободувањето на македонско тло, рече Радев на свечена церемонија во Благоевград

Редакција

Нови 145 заболени од Ковид-19 од 1.772 тестирања, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција

Македонците и Црногорците најмногу користат интернет, Србите најмногу купуваат онлајн

Редакција