еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Пијан поминал на црвено и удрил во Фросина Кулакова: Обвинителство со детали за сообраќајката во која загина 22-годишната девојка

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, информираа од таму.

Осомничениот 20-годишник, на 29. јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал патничко возило „Пежо 207“, сопственсот на неговиот татко по десната сообраќајна лента од булеварот „Партизански одреди“.

Меѓутоа, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај. Автомобилот го управувал без возачка дозвола и под дејство на алкохол со 0,82 промили присуство на алкохол во урина, со што го довел во опасност животот на луѓето.

Кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата со улицата „29-ти Ноември“, не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот и сообраќајот и другите сообраќајни услови за да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка.

Пред пешачкиот премин регулиран со семафори кои за време на незгодата работеле исправно, продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот и со предниот лев дел од возилото удрил во телото на пешакот-жртва Фросина Кулакова, која на обележан пешачки премин попречно ја преминувала коловозната лента.

Од ударот девојката се здобила со тешки телесни повреди од кои на лице место починала.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Според пишувањата на медиумите Кулакова била млада надежна креаторка од Неготино, а осомничениот Васил Јованов, добро познат на органите на прогонот кои му дозволиле да остане на слобода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

22-годишна девојка почина откако е удрена од автомобил на „Партизански одреди“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Локализиран пожарот кај Фурка

Редакција

Заев за новиот летен имиџ со брада: „Идејата е на син ми, веројатно е со годините и зрелост, а и да го одморам лицето“

Редакција

УХМР: Вечерва можни интензивни врнежи, претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците

Редакција