еМагазин
Image default
Бизнис

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Државниот завод за ревизија и Институтот на сметководители и овластени сметководители

Интензивирање на соработка во вршењето на законските надлежности од својот делокруг, како и размена на податоци и искуства меѓy двете институции заради натамошен развој на капацитетите на ревизорската и сметководствената професија во нашата земја, е главната цел која треба да се постигне со Меморандумот за соработка помеѓу Државниот завод за ревизија (ДЗР) и Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС), што денеска го потпишаа главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски и претседателката на ИСОС, Весна Прентоска.

Меморандумот предвидува реализација на голем број активности, почнувајќи од континуирана размена на информации, податоци и искуства, преку организирање заеднички обуки и учество во научни и апликативни проекти и студиски посети, па сѐ до соработка и координација во процесот на изготвување на предлог-документи за развој на сметководствената и ревизорската професија.

„Државниот завод за ревизија постојано се залага за унапредување на професионалните стандарди во областа на ревизијата и управувањето со јавните средства. Потпишувањето на овој меморандум претставува значаен чекор во зајакнувањето на партнерството со ИСОС, со цел да се постигнат уште поголеми резултати во заедничкиот интерес – транспарентност, отчетност и квалитет во финансиското известување“, изјави главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски.

Посебен акцент во соработката двете институции ќе стават на размената на знаења и искуства во имплементацијата на Меѓународните стандарди за финансиско известување и Меѓународните стандарди за финансиско известување за мали и средни субјекти, како и на подобрување на ефикасноста и ефективноста во работењето на своите членови и вработени.

Искажувајќи задоволство од потпишаниот Меморандум, претседателката на ИСОС Весна Прентоска, истакна: „Оваа соработка ќе ни овозможи да ги обединиме силите и знаењата во промовирање на меѓународните стандарди за финансиско известување и ревизија, како и во поддршка на континуираниот професионален развој на нашите членови. Сигурна сум дека заедничките иницијативи ќе донесат долгорочни придобивки за професијата, но и за државата, националната економија и општеството во целина“.

Првите луѓе на ДРЗ и ИСОС заеднички оценија дека ова партнерство претставува значаен чекор кон подобрување на професионалните практики и креирање додадена вредност во работењето на двете институции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Балканики аноними етериа петрелеу“ купи уште 108 акции на ОКТА

Редакција

Поскапува мазутот, цените на горивата не се менуваат

Редакција

Состојбата е комплексна и зависи од одлуките што ќе ги донесе Русија, велат од РКЕ за можноста Македонија да остане без гас

Редакција