еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

„Почасти БратСКО еспресо“ во Forza: Скопјани солидарни, подарени над 300 братски еспреса за еден ден

Новата иницијатива за донирање еспресо за следниот случаен гостин „Почасти БратСКО еспресо“ беше препознаена од скопјани, уште на самиот почеток. Над 300 братски еспреса беа подарени само во првиот ден во Forza, која всушност е двигател на оваа акција.

„Скопјани покажаа дека солидарноста не исчезнала. Таа отсекогаш била тука.

БратСКО еспресо е субвенционирано или однапред платено еспресо, го подарувате на некој што ќе дојде по вас. Нема име. Нема ознака. Само искрен гест. И токму тоа е убавината.

Зад иницијативата стои идеја за потсетување на солидарноста, човечноста и заедништвото. БратСКО е потсетник дека си требаме и дека скопјани умеат да бидат тука еден за друг.

Секој ден, од 08:00 до 13:00 часот, во Forza и Forza Fusion, со симболични 66 денари додадени на вашата сметка, подарувате кафе. Подарувате момент. Подарувате знак дека некој мисли на некого,“ информираат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Конзорциум предводен од „Македонски телеком“ го доби тендерот на Град Скопје за паметно осветлување и дигитален град вреден 6,5 милиони евра

Редакција

Коѕијас: Северна Македонија има сопствен јазик, Бугарија се прави Херкулес без мускули

Редакција

Министерството за транспорт и врски склучи договор со „Конструктор“ вреден 1 милион евра

Редакција