еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Сакам Книги“ ја носи германската книжевна сензација Себастијан Фицек на Саем на книга

„Сакам Книги“ постојано наоѓа начин да докаже дека не е само издавачка куќа, туку и еден вид заедница која има голема љубов кон зборот преточен на хартија. Затоа што не се плаши да отвори скокотливи теми, да постави храбри прашања и да испровоцира реакција.

Токму таков новитет ни носат годинава на Саемот на книга, со гостувањето на германскиот мајстор на психолошкиот трилер Себастијан Фицек, кој ќе ги претстави своите нови книги „Девојката со свеќа“ и „Мимики“.

Фицек ќе биде дел од Саемот на книга на 10 мај, кога покрај промоцијата на неговите нови книги, ќе одвои време и за запознавање и разговор со неговите верни фанови. Не пропуштајте ја оваа можност да се запознаете со еден од најважните модерни германски автори на денешницата.

Трилерите честопати се пишуваат по шаблон, но Фицек пишува со срце на психолог, а острина на скалпел. „Девојката со свеќа“ (во оригинал „Das Kalendarmädchen“) е книга што воопшто нема да ве остави рамнодушни. Тоа е приказна за потиснати вистини, за болката од минатото, за трката со времето и за спас на човечкиот живот. Се работи за роман кој поставува многу прашања и се обидува да најде одговор за истите. Издавачката куќа „Сакам Книги“ го избра токму него да биде саемски новитет број 1 и со тоа уште еднаш потврди дека постојано е во тек со модерната литература и прави сѐ што е во нејзина моќ за да ја доближи до домашната читателска публика.

Изборот на ова дело не е случаен, а реакциите не изостанаа и по социјалните мрежи, и меѓу читателската публика каде веќе се отвораат дискусии, за книгата, за авторот, за насловот. Тоа само говори колку авторот успева да влезе под кожата на читателската публика со секоја негова книга – бидеќи таа се чита, се дискутира, се анализира и секогаш се чека следната.

На овогодинешниот Саем на книга, може да се очекува многу. Но пред сè да се очекува книжевност што вознемирува на најубав можен начин. Благодарение на Сакам Книги, Скопје ќе добие прилика да се сретне со Себастијан Фицек и преку зборовите, но и преку оние прашања што остануваат да висат и откако последната страница ќе биде затворена.

Воедно, Сакам Книги оваа година го одбележуваат својот 15 јубилеј, под слоганот „15 години печатиме среќа“. Тие велат: „ Во 2010 година започнавме скромно – водени само од едно нешто: нашата бескрајна љубов кон книгите. Длабока како океанот, чиста како небото, силна како сонцето. Можеби затоа не ни се верува дека денес, петнаесет години подоцна, зад нас стојат над 400 изданија, над сто илјади верни читатели и листа на светски познати автори која е преимпресивна дури и за нас самите.

Што правевме овие 15 години?

Не, не печатевме само книги. Градевме светови. Создававме навики. Ширевме радост. Газевме преку монотонијата, разубавувајќи им ги деновите, годините, животите на илјадници луѓе. Нашата мисија отсекогаш била едноставна, но длабоко значајна: да ги донесеме најдобрите приказни од светот – преведени со љубов, уредени со страст и објавени со врвна грижа за секој детаљ.

А ѕвезда водилка ни беше нашата сакана заедница на читатели, чии мислења, барања и желби отсекогаш сме ги сфаќале крајно сериозно – и денес исто како и првиот ден. Затоа што нашите читатели се силата која нѐ води напред. 15 години љубов. 15 години приказни. 15 години Сакам книги.“

Ова е уште една потврда дека во деновите кога се одржува Саемот на книгата, фокусот на целата јавност e на книжевноста, пишаниот збор и уметноста. Саемот на книга оваа година ќе трае од 8 до 14 мај, и повторно ќе се одржи во арената Борис Трајковски.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промоција на проектот „Бенефиции за деца на вработени“ во „Алкалоид“ АД Скопје

Редакција

Новогодишната кампања на Телеком нè поттикнува вистински да се поврземе

Редакција

(Фото) Кои се 154. џентлмени на мотори кои годинава собраа над 4.000 долари за машкото здравје?

Редакција