еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Скопската зоолошка е затворена поради сомнение за присуство на птичји грип

Скопската зоолошка градина од утринава е затворена, неофицијално поради сомнение за постоење на птичји грип. На влезот има и соопштение за затворањето поради како што е наведено „техничко оперативни работи“.

Поранешниот директор Ѓорги Галетновски на својот Фејсбук профил информираше дека посетителите биле евакуирани, а инспектори се веќе влезени.

„Ги замолувам посетителите и колегите сите што ја посетиле деновиве да се проверат,“ напиша Галетановски.

Од Град Скопје информираа дека без образложение, инспектори на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) по наредба на директорот на АХВ, а без доказ за птичји грип до овој момент, убиле неколку десетици птици кои слободно се шетаа во зоолошката градина.

„Станува збор за украсни видови на шатки и гуски кои живеат во градскиот парк, а имаат природен пристап во зоолошката градина од градскиот парк.

Повторно се потврдува секташката политика на Владата на Христијан Мицкоски. Од изутринава без налог, решение или било каков друг доказ инспектори на АХВ придружувани од лица со оружје упаднаа во ЗОО Скопје и извршија масакр врз птиците.

Целта на оваа секташка политика е да се предизвика нов измислен проблем, и да се обезбеди алиби за затварање на ЗОО Скопје со цел наштетување на угледот. За оваа дело ЗОО Скопје ќе поднесат кривични пријави против директорот на АХВ, како и до инспекторите и лицата кои со оружје упаднаа во ЗОО Скопје“, се вели во соопштението од Зоолошката градина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АХВ потврди птичји грип во Скопската зоолошка градина, ќе бид затворена 21 ден

Фото: Скопје ЗОО/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѕвездата од понеделник се враќа во Македонија

Редакција

На децата ќе им се мери температура при влез, дезинфекција ќе има секои 2 часа, што пишува во Протоколот за градинките

Редакција

Нови 1.302 случаи на Ковид-19 од 4.438 тестирања

Редакција