еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Таткото на портпаролот на „Вреди“ осомничен за полов напад врз малолетник, Хисени се повлече од функцијата

Таткото на портпаролот на коалицијата „Вреди“, Фари Хисени е осомничен за полов напад врз малолетник. Откако Обвинителство поведе постапка, Хисени привремено ќе ги замрзне политичките активности.

„Длабоко сум шокиран и повреден од веста што се појави во медиумите за мојот родител. Не можам да го најдам вистинскиот збор да го опишам овој момент! Ако овие наводи се покажат точни, тоа ќе биде страшен удар, не само за мене, туку и за целото мое семејство. Само помислата дека се соочувам со ова ми ја крши душата!

Како луѓе, ние сме одговорни само за нашите сопствени постапки и вредностите за кои се залагаме, но тоа не ја менува мојата решеност да дејствувам. Затоа, за да не создадам некакво недоразбирање или погрешен впечаток, решив привремено да ги замрзнам моите политички активности. Не сакам од функцијата што ја имам да изгледам дека можам на кој било начин да влијаам врз институциите кои го истражуваат ова чувствително прашање.

Цел мој живот сум активист за човекови права, борејќи се против неправдата и насилството. Не можам да бидам индиферентен, без разлика од каде потекнува. Исто така, во овие тешки моменти, понизно барам да се почитува приватноста на моето семејство. Ни треба простор за да се соочиме мирно со оваа ситуација, далеку од очите на јавноста,“ напиша Хисени на неговиот Фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

58-годишник допирал малолетник во парк, со кого претходно се познавале

Фото/Фејсбук/Хисени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Засега нема потреба од рестриктивни мерки, состојбата со Ковид-19 се стабилизира

Редакција

Тајните документи на ЦИА откриваат обид за атентат на Тито од неговата гарда на Блед

Редакција

Голем интерес: Над 37 илјади граѓани се пријавиле за вакцинирање против Ковид-19 преку онлајн апликацијата

Редакција