Папата Франциск денеска беше погребан „Санта Марија Маџоре“, а пред базиликата Св.Петар присуствуваа околу 250.000 луѓе, велат проценките на Ватикан.
Ковчегот на папа Франциско беше превезен со папамобил до „Санта Марија Маџоре“ каде што продолжи погребот, кој беше затворен за јавноста.
Мисата ја предводеше кардинал Џовани Батиста Ре, а учествуваа 220 кардинали и 750 бискупи и свештеници близу до олтарот, додека повеќе од 4.000 други свештеници учествуваа во концелебрацијата на плоштадот.
Кардинал Ре зборуваше за ликот и делото на папата Франциско. Тој нагласи дека папата бил таков човек што секогаш стоел меѓу народот.
„Имаше различен начин на однесување кон луѓето, дури и кон оние кои биле далеку од Црквата. Со голема сила говореше дека сите припаѓаме на светската семејство и дека никој не може да се спаси сам. Имаше навика да ги завршува своите говори со молба да се молиме за него, а сега, драги папа Франциск, молиме за тебе да молиш за нас и да не благословиш од небото, како што го направи тоа минатата недела во последниот преграт на народот“, рече кардинал Ре.
View this post on Instagram
Папата посвети големо внимание на бегалците и мигрантите лично интервенирајќи да им помогне на барателите на азил и притискајќи ги владите да направат многу повеќе за да помогнат, ги критикуваше земјите кои ги избегнуваат мигрантите. Постојано зборуваше за сиромашните и маргинализираните.
Меѓу присутните на церемонијата беа над 150 шефови на држави меѓу кои претседателот Доналд Трамп, првата дама Меланија Трамп и поранешниот претседател Џо Бајден, како и бројни други светски лидери, меѓу кои претседателот на Франција Емануел Макрон и неговата сопруга Бриџит, украинскиот претседател Володимир Зеленски со сопругата Олена, британскиот принц Вилијам, претседателката на Комисијата на ЕУ, Урсула фон Дер Лејен, унгарскиот премиер Виктор Орбан, италијанската премиер Џорџа Мелони и аргентинскиот претседател Хавиер Милеи како и делегации од многу земји.
На погребот присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Конклавата за избор на нов папа ќе се одржи 15 до 20 дена по смртта на папата. Водачот на католичката црква почина на 21 април на 88-годишна возраст, откако претрпе мозочен удар.
View this post on Instagram
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска Давкова утре ќе присуствува на погребот на папата Франциск
Фото/Виде: Vatican Media