Момче на возраст од 18 години е уапсено денеска за лажни дојави за поставени бомби во тетовски училишта.
Станува збор за М.Р. од селото Палатица, а како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР) тоа било уапсено од полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово.
-Момчето се сомничи дека во повеќе наврати испраќал електронски пораки на повеќе образовни институции во Тетово дека во институциите има поставено експлозивни направи. По преземени мерки и извршени проверки е констатирано дека сите дојави за поставени бомби биле лажни.
Денеска, со сдуска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом во селото, при што биле одземени повеќе електронски уреди.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случаите, во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.














