еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

23-годишник вршел полови дејствија врз 11-годишно дете во Желино, повиците за помош ги слушнал таткото

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно 23-годишно лице, бидејќи постои сомнение дека извршил други полови дејствија врз дете кое не наполнило 15 години, кривично дело казниво според член 188 став 5 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик, информираа од Обвинителството.

Осомничениот, на 2. јануари во вечерните часови, го запрел 11-годишното дете и на сила го одвлекол во објект во изградба во близина на неговиот дом во Желино, па започнал пред него да врши други полови дејствија. Детето повикало за помош, но осомничениот не му дозволувал да замине, се додека повиците не ги слушнал таткото на детето и му се спротивставил, по што осомничениот се дал во бегство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судот го прифати предлогот на обвинителството и донесе Решение со кое му определи притвор во траење од 30 дена, информираат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Први случаи на заболени со коронавирусот во Струмица и Гевгелија

Редакција

Каков имот пријавила Бисера Костадиновска Стојчевска, која ВМРО-ДПМНЕ ја обвини дека потрошила 714 фунти државни пари за шопинг

Редакција

Зошто викарниот епископ на Дебарско-кичевската епархија, Партениј не служеше на опелото на неговиот владика Тимотеј на Плаошник?

Редакција