И Европа на мета: Иран му откри на светот дека има ракети со дострел и од над 4.000 километри

Ирански балистички ракети со среден дострел во петокот ја погодија американско-британска воена база на островот Диего Гарсија во Индискиот Океан (околу 3.800 километри одалечен од Иран), со што светот дозна дека Иран има ракети со дострел и од над 4.000 километри.

Досега се сметаше дека ракетите на Иран се со дострел до 2.000 километри.

Оваа значи дека на мета на Иран можат да бидат и американските бази и цели и во Европа, а не само тие на Блискиот Исток.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И тие се мета: Во кои земји во Европа има американски бази

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија и графичка проценка на дострелот на балистичкиот арсенал на Иран, што покажува дека речиси цела Европа, вклучително и делови од Велика Британија, сега се во дострел на ракетите испукани од Иран.

Во досегашните напади на Блискиот Исток, Иран, ја користеше балистичка ракета со најдолг дострел во оперативна употреба, „Саџил“, која може да достигне до 2.000 километри, а се проценува дека иранските беспилотни летала „Шахед“ имаат сличен максимален дострел.

Иран со години развива балистички ракети со среден дострел како клучен елемент на својата воена стратегија. Системите како „Саџил“, „Гадр“ и „Емад“ му овозможуваат да покрие голем дел од Блискиот Исток и Источниот Медитеран.

Во комбинација со борбени беспилотни летала, кои се користат и за извидување и за директни напади, Иран има капацитети што можат да ги загрозат воените бази, енергетската инфраструктура и поморските патишта во регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дури четири земји од Блискиот Исток прогласија “виша сила“ за испораките на енергенси

Војната во Иран влезе во четвртата недела, светот се подготвува за нова криза

Цената на нафтата и гасот ќе расте и по војната во Иран

Фото: Унсплеш/Илистрација: ИДФ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести