Ќе остане ли цената на бензините иста: Денеска нови цени на горивата

Владата ја искористи една од мерките кои и се на располагање за да делува на цената на горивата, кои почнаа драстично да растат по воениот конфликт на Блискиот Исток.

Вчера на вонредна седница Владата одлучи ДДВ-то за горивата да се намали од 18 на 10%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДДВ-то за горивата се намалува од 18 на 10%

Владата исто така може да ја намали и акцизата за горивата до 4 денари.

Премиерот Христијан Мицкоски по донесувањето на одлуката рече дека со намалувањето на данокот, цената на бензините нема да се зголеми, а на дизелот ќе се зголеми до 3,5 денари.

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) денеска треба да ги соопшти новите цени на горивата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

150 илјади литри гориво наточиле соседите: Во Македонија има “бензин-туризам“

Како се одредува цената на бензините и дизелот

Кој има поевтин бензин и дизел од Македонија во регионов

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести