Ирак е последната земја која прогласи “виша сила“ за испорака на енергенси, поради конфликтот на Блискиот Исток, кој беше предизвикан од нападот на САД и Израел на Иран.
Претходно ваква состојба прогласија и Бахреин, Кувајт и Катар.
Прогласување “виша сила“ значи активирање на договорна клаузула која ги ослободува страните од одговорност во случај на вонредни и непредвидени настани кои се надвор од нивна контрола. На тој начин државите избегнуваат големи парични казни и тужби за надомест на штета поради неисполнување на обврските.
Станува збор за земји кои се значителни снабдувачи со енергенси глобално.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цената на нафтата и гасот ќе расте и по војната во Иран
Војната во Иран влезе во четвртата недела, светот се подготвува за нова криза
САД привремено дозволи продажба на нафта од Иран, која веќе е во транспорт
Фото: Унсплеш














