По Русија, САД и на Иран, привремено му укина санкции за продажба на нафта.
Станува збор за иранска нафта која веќе е на море, односно која е во фаза на транспорт, како што беше случајот и со руската нафта.
Како што велат американските власти укинувањето на санкциите е во наредните 30 дена, до 19. април, а целта на одлуката е да се намали притисокот врз глобалниот енергетски пазар по кризата на Блискиот Исток.
Станува збор за 140 милиони барели нафта.
Според САД, Иран, нема да има лесен пристап до приходите од овие продажби, бидејќи остануваат на сила ограничувањата во меѓународниот финансиски систем.
Сепак, дел од аналитичарите, сметаат дека одлуката индиректно ќе му помогне на Иран за финансирање на воените активности.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цената на нафтата и гасот ќе расте и по војната во Иран
Зошто е важен иранскиот остров Харг, кој го нападна САД и како може да влијае на цената на нафтата
САД привремено дозволи продажба на руска нафта на море
Фото: Унсплеш














