Војната во Иран која се прошири во целиот регион на Блискиот Исток влегува во четвртата недела.
Никој не знае кога ќе заврши, а во меѓувреме на светот му се случи најголемото пореметување на транспорт на нафта во историјата, што пак придонесе за раст на цената, а се очекува кризата да ја зголеми и инфлацијата во светот и да го намали економскиот раст.
Освен нападите на Иран од страна на САД и Израел, за кризата со нафтата, но и со гасот, чија цена исто така расте, придонесе ограничувањето за премин преку Орумтскиот теснец, глобално значаен транспортен коридор, но и бомбардирањето на нафтени и гасни комплекси во Иран, Израел, Саудиска Арабија, Кувајт, Катар…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која храна ќе поскапи поради кризата на Блискиот Исток
Освен цените на нафтата и гасот, расте и цената на ѓубривата, но и на авионските билети.
Голем број земји бележат пад во туризмот, во бизнисот со недвижини…
Државите низ светот веќе се подготвуваат за нова криза, а денеска и македонската Влада треба да донесе кризни мерки поради состојбата со нафтата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цената на нафтата и гасот ќе расте и по војната во Иран
И најмалку 45 македонски граѓани таму имаат имот: Пазарот на недвижнини во Дубаи падна за 30%
Во Дубаи има и најмалку 52 македонски фирми, ќе трпат ли и тие од кризата на Блискиот Исток
Фото: Унсплеш














