40-годишен затвореник од Скопје почина во затворот во Штип

Маж на возраст од 40 години почина во Казнено поправна установа-Затвор Штип.

Станува збор за лицето В.М. од Скопје, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип, тој бил пронајден починат во неговата соба.

Лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.

Неговото тело е дадено на обдукција. 

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести