Од денеска контроли во 43 фирми кои добиле лиценци за медицинска марихуана

Од денеска се проверуваат лиценците на 43 фирми од бизнисот со медицински канабис, информираше министерот за здравство Азир Алиу.

За вонредни контроли во овие фирми неодамна одлука беше донесена од страна на Владата, а оваа следи откако во Србија беа запленети пет тони марихуана, поврзани со фирма за медицински канабис во Македонија, по што и во земјава беше отворена истрага, а во акција на надлежните органи беа запленети над 40 тони медицинска марихуана од неколку фирми од овој бизнис.

Вакви лиценци од легализацијата на марихуаната за медицински цели добиле 61 фирма. Дел од нив, како што пишуваше еМагазин не ни почнале со дејноста, а на дел им се одземени лиценците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ексклузивно: Кои се фирми имаат лиценца за производство на медициниски канабис

Кои се услови треба да ги исполни Оне Македонија телекомуникации, кој стана трет мобилен оператор

Главниот осомничен за запленетата марихуана во Србија е косопственик на друга фирма за медицински канабис во Македонија, објави Призма

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести