Претседателот на РКЕ, Бислимоски поднесе оставка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), Марко Бислимоски поднесе оставка.

Оставката ја доставил до Собранието, а за сега се непознати причините за ваквата одлука, имајќи предвид дека неговиот мандат е до јуни 2028 година.

Бислимоски неодамна доби кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување, за продолжување на лиценцата на фирмата Тритерол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична за Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика од Финанската полиција

Тој на прес-конференција посочи дека во РКЕ не постоел повластен статус за ниту една компанија и дека постапките при одземање на лиценци се утврдувани од сериозен тим од РКЕ.

-Никогаш, ама буквално никогаш, немало повластена компанија или пак компанија за која што се водени постапки спротивно на Законот за енергетика и Правилникот за лиценцирање, рече тој, подвлекувајќи дека времето ќе покаже дали кривичната е политички притисок.

Тој појасни дека постапките за лиценците се спроведувале идентично за повеќе компании, при што кај дел од нив завршиле со одземање на лиценцата, а кај други не, доколку во текот на постапката се утврдело дека не се исполнети условите за одземање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ, кој заработи кривична

Кој е Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ, кој доби кривична од Финансиската полиција

Која е фирмата Тритерол петрол, за чија лиценца Бислимоски заработи кривична

Фото: ТВ Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести