Кривична пријава за таткото алкохоличар за кој неговата ќерка од Куманово побара помош, бидејќи малтретира цело семејство и дете со церебрална парализа

МВР поднесе кривична пријава против таткото на Меланија Цветковска, која на социјалните мрежи побара помош од институциите поради семејно насилство.

56-годишниот П.Ц во алкохолизирана состојба се заканувал со убиство на Меланија, нејзината мајка, баба и брат кој боледува од церебрална парализа.

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.Ц. (56) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144, став 3 од КЗ. Пријавениот, подолг временски период, под дејство на алкохол, вршел психичко и физичко насилство врз членовите од неговото семејство, а на 11.07.2026 година психички ја малтретирал својата сопруга и се обидел физички да ја нападне. П.Ц. е пренесен во Психијатриската болница Демир Хисар,“ велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ(

Видео) Потресно сведоштво на девојка од Куманово за живот со татко алкохоличар: Треба ли да бидеме убиени, за некој да биде сместен во ментална институција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести