Александар Лазаров, лицето кое беше уапсено за дрога, па избега од Полициската станица во Кочани, повторно е уапсено. По Лазаров беше распишана и потерница.
„На 14.07.2026 по добиени оперативни информации за лице за кое од страна на МВР е распишана централна и меѓународна потерница, од страна на полициски службеници од СВР Скопје-Потраги од слобода е лишен Александар Лазаров (41) од Кочани.
За Александар Лазаров беше распишана потерница по барање на Основен суд Кочани осомничен за сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка,“ велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ(
Фото) МВР распиша меѓународна потерница по лицето кое избега од Полициска станица во Кочани
Фото/МВР














