70-годишна жена почина по удар од товарно возило во Струга

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 21.02.2026 година околу 16.30 часот во Одделението за внатрешни работи (ОВР) Струга било пријавено дека на улицата „Струшки Кепенци“ во Струга товарно возило „ивеко“ со струшки регистарски ознаки управувано од Н.О. (57) од Струга удрило во 70-годишната И.И. од селото Мислодежда, струшко.

По несреќата И.И била пренесена во Медицинскиот центар Струга за укажување на лекарска помош каде подоцна починала.

Во 21.40 часот полициски службеници го лишиле од слобода Н.О. и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од таму.  

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести