еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Холивудскиот филм „Пајни: Oсамената елка“ на кој работеше македонското студио „В Хаус анимејшн“ со премиера во Лос Анџелес 

Анимираната приказна „Пајни: осамената елка“ на која работеше македонската компанија „В Хаус Анимејш“ по сценарио и режија на познатиот холивудски тандем Тимоти Хутен и Тод Едвардс, ќе ја има својата светска премиера на трети ноември (недела) во Лос Анџелес.

Комплетната анимација, продукција и пост-продукција на ова остварување беше работена девет месеци од тим од 60 артисти/цртачи и аниматори.

Гласовите на ликовите им припаѓаат на реномираните актери: Џонатан Прајс (познат по улогите во „Игра на тронови“, „Сопругата“, „Пиратите од Карибите“), Сајмон Пег (улоги во серијалот филмови „Невозможна мисија“, „Ѕвездени патеки“, анимираниот „Ајс Ејџ“) и Џејсон Ентони („Дневниците на Нарнија“, „Филмот за лего“, „Хари Потер“)

Приказната во „Пајни: осамената елка“ го следи необичното пријателство на 9-годишната Џорџи и нејзината омилена елка Пајни за која девојчето се грижи со години. Кога Пајни по грешка ќе биде ставен во следната празнична пратка, Џорџи и нејзиниот дедо, ги поминуваат сите места со новогодишни елки, во обид да го најдат Пајни пред празниците да завршат.

Следејќи го Пајни низ неговото невообичаено патување, неговите надежи, сонови и разочарувања, приказната го поставува прашањето: „што доколку новогодишната елка не стигне во својот дом за празниците?“

„Пајни: осамената елка“ е со времетраење од 25 минути и влегува во категоријата кратки анимирани филмови. Ова е голем успех за македонската компанија, која постои 10 години и која веќе има солидно портфолио од сферата на анимираниот филм (www.vhouseanimation.com/)

Премиерата на филмот на црвениот тепих во Холивуд, е потврда за квалитетот кој македонската компанија ја става на рамниште со светските анимациски студија од целиот свет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Фолтин“ како сaундтрак во новото видео на „When in Krushevo“ оутдор фестивал

Редакција

(Галерија) „Диви и среќни“, прва акциона комедија на Балканот од холивудски размери

Редакција

Македонска филхармонија со кампања за да не се користат мобилните телефони на концерти

Редакција