Мила Царовска денеска ја презеде должноста министер за образование и наука од досегашниот министер Арбер Адеми.
На примопредавањето Царовска и Адеми разговараа за тековните процеси во Министерството за образование и наука, како и за идните планови и предизвици, за соработката во изминатиот период, особено во создавање инклузивно образование, јакнењето на средните стручни училишта и пилотирањето на дуалното образование, информираат од Министерството.
– Царовска на средбата истакна дека нејзиниот врвен приоритет, а истовремено и приоритет на новата Влада, е започнување на учебната година 2020/2021 во услови кога земјата се соочува со пандемија на Ковид-19 од светски размери.
Царовска на состанокот со Адеми рече дека ставот на новата Влада е да ја започенеме учебната година на 1 октомври со комбиниран модел на настава. За таа цел веќе се подготвени и усвоени протоколи за учење со физичко присуство, а во тек е и изработка на единствена национална платформа за учење на далечина, соопшти МОН.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што пишува во биографијата на Мила Царовска, новата министерка за образование и наука
Каков имот пријавила Мила Царовска, новата министерка за образование и наука
Фото: МОН