еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Македонски производ: Промовирана иновација на нов вид заштитна маска за заштита од Ковид-19, која е безбедна сто проценти

Нов вид заштитна маска за повеќекратна употреба за заштита од вирусот Ковид-19, која е безбедна сто проценти, презентираше денеска на прес-конференција претседателот на Национална асоцијација на пронаоѓачите на Македонија (НАИМ), Мирко Узелац.

Станува збор за иновација на НАИМ, а презентацијата на иновацијата е со поддршка од Министерството за здравство.

Тој посочи дека овој нов вид заштитна маска по многу нешта се разликува од сите маски кои досега се користат и изрази надеж дека таа ќе најде примена на пошироко ниво не само на територијата на државата.

– Оваа маска е безбедна сто проценти и за разлика од обичната има вграден еден систем со два издувни канали и еден издувник кој има менливи делови кои се стерилни и дневно може да се сменат повеќе пати. Се монтираат многу лесно. Воздухот низ нос се вдишува, а се издишува преку два канали во долните џебови. Може да има и еден џеб. Ова е најобично црево кое ќе става на маската кое ќе се стерилизира и може такви стерилни парчиња да имате во кесичка во џеб и да ги менувате, рече Узелац.

За хирургија, за медицина, појасни, се предвидени поспецифични маски. Нагласи дека ќе се води сметка маската да може да се носи цел ден.

– Со обичната заштитна се издувува воздухот меѓу маската и лицето и повторно тој воздух се вдишува и проблемот кој таа го создава е што луѓето кои ја носат многу брзо за заморуваат и умствено и физички. Досега не сме виделе дека во светот постои слична маска. Ова е сега патентирано пред 10 до 15 дена во државава. Според првите истражувања таа може да најде широка примена и после Ковид-19 таа може да се користи и натаму во хирургија, фармација…, потенцира Узелац.

Посочи дека ова е нивен долг како Национална асоцијација кон Светската федерација на асоцијации на иноватори.

– На почетокот на април имаше повик од претседателот на Светската федерација на асоцијации на иноватори сите сојузи да дадат свој придонес за Ковид-19. Оваа маска не е само за Ковид-19, туку во иднина ќе најде поширока примена и може да се користи во хирургија, во сите здравствени установи, во фармацевтската индустрија, во многу други видови индустрија, каде таа е задолжителна.

Овој проблем со Ковид-19 мислевме ќе трае месец, два три, но како што гледаме станува полошо и ќе трае подолго и оваа маска има голема иднина, барем така се надеваме, рече Узелац.

Нагласи дека кога маската ќе се стави во производство тогаш има друга постапка, каде сите нејзини делови се ревидираат, се прави ревизија на материјали кои се користат, и таа мора да биде лесна. Според него, тоа е процес кој може брзо да се спроведе доколку се најде производител и сите кои произведуваат заштитни маски може да се вклучат во нејзино производство, само што ќе треба да ги додадат двата издувни канали со еден разводник.

– Не се очекува маската да биде многу поскапа. Ќе биде можеби од 10 до 15 денари поскапа од вообичаените маски. Оваа маска е многу побезбедна од маските кои имаат вентили странично или напред.

Водена е сметка издувникот се прави од достапни материјали и со маската ќе одат десет, дваесет вакви парчиња. Ќе можат и домашни и странски фирми да ја произведуваат. Тоа ќе биде објавено во странски портали, додаде Узелац.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голем раст: 40 нови случаи на заболени од корона вирусот, од кои 26 во Скопје

Редакција

Починаа уште 6 лица од Ковид-19 од Скопје, Прилеп, Охрид и Штип

Редакција

Лавров: Русија не е против договорот меѓу Македонија и Грција, спорен е правниот легитимитет на процесот

Редакција