За еден сантиметар е намален водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Водостојот на Дојранското Езеро е за 2,91 метри повисок од просекот за февруари, додека нивоата на Охридското и Преспанското Езеро се пониски од просечните и тоа за 12 сантиметри кај Охридското и за 1,4 метри кај Преспанското Езеро.
Сепак, Преспанското Езеро за 30 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.