еМагазин
Image default
Локално

Жител на скопско Миладиновци осомничен за задоволување полови страсти пред деца 

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело „задоволување на полови страсти пред друг“, а јавниот обвинител достави предлог за одредување мерка притвор.

Како што информира ОЈО, 60-годишниот жител на село Миладиновци е осомничен дека на 3 февруари, на улицата „Беровска“, во Скопје вршел полови дејствија пред три деца кои не наполниле 14 години. Настанот го забележал сведок кој изреагирал и го избркал обвинетиот од местото.

-Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и веројатност да го повтори делото.

Наведените околности упатуваат на тоа дека нема услови за определување поблага мерка за обезбедување негово присуство во текот на постапката, особено ако се има предвид тежината на предметното кривично дело и запретената казна од над 4 години затвор, оценил надлежниот јавен обвинител.​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жител на Крива Паланка „удрил“ по обезбедувач и апарат во казино

Редакција

Затвореник од Старо Нагоричане пронајден мртов во затворот „Кшање“

Редакција

Реконструкцијата започнува во мај: Универзална сала ќе биде во постојниот облик и габарит

Редакција