еМагазин
Image default
Бизнис

Фабрика Карпош лани работела со добивка

Фабрика Карпош АД Скопје за период од јануари-декември 2020 година оствари позитивен финансиски резултат прикажан во поединечниот неревидиран биланс на успех, информира компанијата преку Македонската берза.

„Приходите од продажба во најголем дел се приходи кои произлегуваат од продажба на производи (реализација) на големо на домашен пазар, приходи по времени ситуации, приходи од продажба на станови во вкупен износ од 897.763 илјади денари.

Остварената нето добивка по оданочувањето за периодот 01.01-31.12 2020 година изнесува 26.751 илјади денари.

Со оглед на недовршеното производство или производството во тек кое произлегува од станбен комплес Александрија (проект за изградба на станови кои ги гради Фабрика Карпош А.Д Скопје) со издавање на фактури на купувачите на станови по продажни цени, залихата ќе се валоризира и ќе го зголеми приходот на компанијата.

Во 2020 година вкупните расходи во најголем дел се однесуваат на трошоци на продадени производи и услуги и истите изнесуваат 681.649 илјади денари.

Финансиските расходи, расходи по основ на камати се на износ од 7.062 илјади денари во извештајниот период“, информира компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За половина денар се намалува цената на дизелот

Редакција

Германската компанија „БМЗ“ ќе инвестира 65 милиони евра во ТИРЗ Скопје 2

Редакција

Министерство за финансии: Предложените измени за сметководствени услуги не прават промени во постапката за признавање квалификација од странство

Редакција