еМагазин
Image default
Македонија

Нов обид: Поднесен Предлог закон Македонија да стане една изборна единица

Пратениците од Деморатски сојуз, Левица, ВМРО-НП, ЛДП и СДСМ до Собранието денеска поднесоа Предлог закон за измени и дополнувања на Изборниот законик, со којшто се предвидува Северна Македонија да биде една изборна единица на следните парламентарни избори наместо шесте изборни единици во коишто досега се бираа пратеници.

-Се предвидува Македонија да биде една изборна единица, да остане пропорционален модел, да нема изборен праг, и пресметката на пратеници да се одвива преку Донтовиот количник, рече Павле Трајанов од Демократскиот сојуз.

Трајанов смета дека со овие измени дефинитивно ќе се демонтира еднопартиското владеење во нашата држава, Парламентот ќе биде реален одраз на определбата на граѓаните и ќе имаме можност повеќе партии да одлучуваме за круцијалните прашања, ќе се создадат основи за системски промени, за департизација, за деполитизација на државните институции и можности да се отвори робусна борба против криминалот и да се реализираат битни промени.

Пратеникот на ДС вели дека доколку се обединат сите пратеници кои не сме од големите партии СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, можат да го завршат овој процес успешно.

Доколку законот дојде во втора фаза, Трајанов рече дека во законот ќе се вгради и предлогот соодносот жени – мажи на листите да биде 50:50.

– Сме подготвени да ги прифатиме сите иницијативи кои се во функција да имаме порегуларни избори во нашата држава, рече пратеникот на ДС.

Пратеникот Панчо Минов го искажа ставот на СДСМ, посочувајќи дека ова прашање за една изборна единица е дел од ветувањето на владејачката партија и дел од владината програма.

-Нашиот став е недвосмислен дека во интерес на демократијата и парламентаризмот е дека пообјективност во делот на застапување на граѓаните е во случајот со РМ како модел што во исто време ќе значи поправична застапеност на субјектите што ќе учествуваат во изборниот процес исто така застапеност на помалите со соодветен праг, рече Минов.

Според него, важно е што повеќе партии да бидат застапени во Парламентот, родовиот сооднос, како и застапеноста на етничките заедници.

– Тие да бидат со една сериозна бројчаност застапени во Парламентот, рече Минов.

Апелираше измените да бидат донесени со консензус.

Пратеникот Димитар Апасиев од Левица истакна дека неговата партија се приклучува кон оваа иницијатива за една изборна единица, и рече дека ќе ја поддржеле без разлика на предлагачот.

Според нивните пресметки, Левица на минатите парламентарни избори била оштетена со тројца пратеници. Апасиев апелираше до сите пратеници да ги прифатат измените, бидејќи тие придонесуваат за демократизација на општеството.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште се води „битка„ за претседателското место во Алијанса за Албанците, Таравари го врати предметот на повторно судење

Редакција

Таравари се уште не донел одлука дали ќе се кандидира за претседател на Алијанса за Албанците

Редакција

Корона вирусот продолжува да се шири низ Ресен

Редакција